| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годинава ќе се отворат нови 14 градинки

aleksandar_2609_g11_5
До крајот на 2014 година ќе се отворат 14 нови градинки во 13 општини во Република Македонија.Ова денес го соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, кој додаде дека истите ќе се реализираат во 3 групи на проекти.

-Во рамките на овој акциски план, односно во рамките на овие 14 градинки кои ќе бидат отворени до крајот на 2014 година постојат 3 групи објекти. Првата група се објекти кои што се новоизградени, втората категорија претставува значително проширување  на капацитетите на веќепостоечките објекти каде што се извршува дејноста градинка со цел да се овозможи поголем простор за поголем број на дечиња кои таму ќе ја добиваат својата грижа. И третата група која што е најбројна претставува отворање на градинки во веќе постоечки капацитети кои што се користат во друга дејност во рамките на образованието и каде со реновирања, адаптации и интервенции на самиот простор како и воспоставување на опрема и други услови кои што се потребни за вршење на дејноста на градинки – подвлече Ѓорѓиев.

Градинките ќе се отворат во 13 општини и населени места: Дојран, Демир Капија, Василево, Босилово, Моноспитово, Оризари, Истибања, Карбинци, Кривогаштани, Могорче, Ѓорче Петров, Липково, Сарај и во Кисела Вода.

-Во најголем дел Владата на Република Македонија го врши комплетното финансирање на објектите во рамките на овие 14 градинки, но дел од овие градинки ги правиме во соработка со општините каде што имаме поделено финансирање, а во определени објекти имаме дури и значително финансирање од страна на општините, а Владата ги финансира потребите во поглед на обезбедување на опремата – појасни Ѓорѓиев.

Дел од овие градинки, како што истакна тој се веќе во завршна фаза, а некои од нив ќе се отворат уште во месец август. Многу значајно е што со овој проект ќе се отворат градинки во населени места каде што до сега воопшто немало.

За овие активности Владата ќе одвои 1 милион евра или 58 милиони денари, со што ќе се отворат нови 750 места за сместување на деца.

Владата и во иднина ќе продолжи со активности за отворање градинки низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top