
Во автомобилот на Драган Ѓуриќ пронајдени се трагите од крв на Тијана, која тој брутално ја убил, дознава српски „Блиц“.
– Трагите од крв во возилото беа видливи и со голо око. Ѓуриќ не се ни обидел да ги отстрани, иако е уапсен 12 дена после злосторството – вели соговорникот на „Блиц“.
Тој додава дека е откриено дека Ѓуриќ не ја удрил Тијана со автомобилот, како што првично тврдел. Убиецот поминал прокрај неа, а после неколку метри го завртел автомобилот, се вратил и излегол.
Јелена Боговац Зелиќ, секретар на Вишиот суд во Суботица, изјавила дека кривичното тело на судот ја одбило жалбата на адвокатот на Ѓуриќ за притворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


