| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се очекуваат резултатите кои ќе покажат има или не листерија

mesoДенеска се очекува Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги објави финалните резултати. Најави дека тоа ќе го стори по комплетирање на резултатите од лабораториските испитувања. Минатата недела беа спроведени контроли во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, како резултат на известувањето од Министерството за здравство за детектирано присуство на листерија моноцитогенес во производ сечкан свински врат земено од малопродажен објект во Гевгелија. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на законските надлежности зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија.

До Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се пристигнати комплетните резултати од извршените испитувања на мострите во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина, како и дел од резултатите од анализираните мостри  во Институтот за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top