Листеријата која е пронајдена кај мал производител на месо во близина на Копенхаген, усмрти 12 луѓе во Данска во последните неколку месеци, соопшти денеска данското регулаторно тело за безбедност на храната.
Осум лица се инфицирани од листерија.
– Компанијата поради тоа е затворена и сите нејзини производи се повлечени од продажба, потврди данското Министерство за храна, земкоделство и рибарство.
Првиот случај на заразен од листерија во Данска е регистриран во септември минатата година и оттогаш се пријавени 20 случаи. Во јуни, јули и август годинава 15 луѓе се инфицирани од листерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


