Во четврток и петок на сите државни факултети ќе се запишуваат идните бруцоши. Во академската 2014/2015 година има вкупно 24 илјади слободни места. На скопскиот универзитет има 10 илјади места, од нив за државната квота предвидени се повеќе од 5700, за таа со кофинансирање 3200 места. Како вонредни можат да се запишта 1000 студенти. Уписи има и преку интернет. Така на универзитетот Св Кирил и Методиј има 3200 пријави преку интернет, пренесе телевизија Алфа.Министерството за образование за новата академска година стави во мирување 5 дисперзирани студии од скопскиот универзитет. Нема интерес за градежништво во Куманово, информатика во Делчево, термичко инжинерство и металургија во Кичево и винарство во Велес. На филозовски пак од годинава во мирување се родовите, а воведени се семејните студии. Интересот на УКИМ е најголем за факултетот по информатика, Финки.
На битолскиот универзитет има околу 3500, на штипскиот 4700 , а на тетовскиот 5200 слободни места. Универзитетот за информатика во Охрид нуди 440 места. Ова е прв уписен рок за идните бруцоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


