
Штом трудничкиот стомак ќе почне да се наѕира под облеката, тој на некој начин станува сечија „сопственост“, освен на жената што го носи. Навистина е чудно зошто луѓето не си го допираат стомакот едни на други и во други пригоди, туку само кога се работи за трудниците! ОК, на некои жени им одговара тој начин на внимание, но ги има и оние на кои им пречи и не знаат како да се однесуваат, а при тоа да не го навредат „допиркачот“.
ОДБРАНА ОД „ДОПИРАЧИТЕ“ НА СТОМАК
Има нешто што ги тера луѓето да го помилуваат тој тркалезен труднички стомак, дури и кога се работи за сосема непозната жена. Психолозите тврдат дека се работи за добронамерен гест со кој луѓето ѝ порачуваат на трудницата дека им е мило што ќе стане мајка.
Но проблемот е што тие при тоа не внимаваат дали тој гест ѝ се допаѓа (или не) на „сопственичката“ на стомакот! Дури и оние што не им е грижа ако роднините или пријателите им го допираат стомакот, не сакаат кога тоа ќе го направи непознато лице.
Како да се поставите во таквите ситуации, а при тоа да не бидете непристојни и одбивни?
Бидете реални
Сите жени со труднички стомак поминуваат низ истото искуство и тоа е едноставно така! Луѓето што имаат потреба да ви го помилуваат стомакот не го прават тоа од лоша намера, туку за да ви ја искажат својата наклоност, па затоа не им замерувајте (многу).
Јасно искажете го својот став
Ако постојат колеги од работа што не можат да се воздржат од допирање на вашиот стомак секој пат кога ќе поминете покрај нив, на убав начин дајте им до знаење дека претерале.
Скријте го стомакот!
Ако е тоа воопшто можно, облечете то пошироки туники и фустани во кои вашиот стомак нема да биде толку впечатлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


