Ова секако треба да го знаете, никако не треба да ги правите овие работи по жешките игри во кревет.
1 Да заспиете истиот момент
Ако го направите ова бидете сигурни дека тоа ќе ја убие вашата сексуална енергија и сето она што претходно сте го доживеале заедно. Ова е грешка која многу парови ја повторуваат бидејќи не се свесни колку тоа може лошо да влијае на нивната врска.
2. Веднаш бегате под туш
Зошто го правите тоа? На партнерот ќе му биде непријатно бидејќи ќе мисли дека сакате да го тргнете неговиот мирис од себе. Ако веќе имате таква лоша навика, тогаш тоа нека биде ваша заедничка навика. Викнете го партнерот да ви се придружи под тушот, бидејќи таму можете да доживеете уште многу уживања – заедно!
3. Го земате телефонот и ги барате пријателите
Дали навистина мислите дека партнерот ќе се чусвтвува добро доколку после сексуалните игри и зедничкото уживање веднаш го земете телефонот и го повикате пријателот или пријателката за да зборувате? Времето за секс е само ваше време, а моментите потоа исто така мораат да бидат само ваши, заеднички. Исклучете го телефонот и уживајте еден со друг.
4. Досадни муабети за работата
После сексуалните возбудувања на никого не може да му биде возбудливо да слуша за притисоците на работа. Тоа оставете го за некоја друга прилика. Всушност, зошто да не зборувате за некои заеднички планови…или ако малку подобро размислиме зошто повторно да не ја изгужвате постелата?
5. Секој на своја страна
Разделбата после сексуалниот чин е лошо по вашата интима. Немојте да спиете во одвоени соби. Тоа ќе ја убие страста која еден за друг сте ја чусвтвувале пред само еден момент, а исто така ќе ја уништи и вашата утринска желба за секс.
6. После секс веднаш се фрлате на храна
Правилото вика – сексот е единствената храна која ви е потребна! Ако веднаш после сексот се преселите во кујната, тоа ќе ја наруши вашата сексуална енергија, бидејќи партнерот ќе помисли дека целото време додека сте имале секс сте мислеле на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.