| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе пораснам, сакам да бидам богат!

Boy and a Pile of Coins

Не се сите деца такви, но изгледа дека новите генерации се помалку ја ценат интелигенцијата, љубезноста, успехот…Голем број деца сметаат дека среќата може да се купи со пари.

На прашањето што би сакале да бидат кога ќе пораснат, една петтина од децата на возраст помеѓу пет и десет години, кои учествувале во анкетата во Велика Британија, одговориле: „Само сакам да бидам богат/а“.

Не живееме во свет на бајка и знаеме дека на сите им се потребни пари за да преживеат, но сетете се само на своето детство – дали и вие на таа возраст размислувавте за тоа колку пари „имате“ или смислувавте која игра ќе ја играте наредниот ден?

Исто така, една четвртина од малите учесници во оваа анкета одговориле дека сакаат да станата „познати“ или дека „воопшто не сакаат да работат“.

Повеќето родители на овие деца сметаат дека тие имаат „неизвесни шанси за напредување во иднина“, откриваат истражувачите.

Загрижувачки, три четвртини од децата, околу 75 отсто, веруваат дека среќата може да се купи со пари, а повеќето од нив мислат дека е „доволно“ да заработуваат околу еден милион фунти годишно!

Да не биде се така црно, има и такви деца кои сакаат да станат полицајци, лекари, ветеринари и слично, иако меѓу нивните одговори преовладува желбата „да бидат богати“.

Токму поради тоа, 27 отсто од родителите сметаат дека на нивните деца ќе им недостасува амбиција кога ќе пораснат.

Научниците нагласуваат дека е нормално децата на таа возраст да не знаат што сакаат да бидат кога ќе пораснат, но дека е поразувачки тоа што шест отсто од нив не сакаат со ништо да се занимаваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top