| четврток, 6 декември 2018 |

Руски медиуми: Српски доброволци одбиле напад на украинската армија во Донецк

Српски доброволци, кои учествуваат на страната на проруските сили во Донецк, уништиле два украински тенка, БТР и топ, а во текот на борбите двајца Срби се полесно повредени, јави Танјуг повикувајќи се на РИА Новости.

Ukraine

Доброволците чиј број не е соопштен, се дел од батаљон под команда на Братислав Живковиќ, а во Украина се од мај – првично во Славјанск, а сега во Донецк, наведува руската агенција.

Наводно командант на проруските сили во Донецк е Игор Стрелков кој таму ги запознал српските доброволци додека заедно војувале во БиХ (1992-1995).

Батаљонот на српските доброволци е наречен Јован Севиќ, по српскиот командант на полк кој во 1751 година се заколнал на верност на руската империја и воспоставил автономна покраина Славјанска-Сербија на територијата на денешен Луганск и Донецк. Покрај српските доброволци на страната на Народната милиција на Донецк, се борат и неколкумина Шпанци и Чеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top