
Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи.
Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки истиот пријавил дека на 10.08.2014 година во туристичкото место Катерини му се украдени двете регистарски ознаки од возилото.
Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од о.Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека на 09.08.2014 година во туристичкото место Лефкада исто така му се украдени двете регистарски таблици од возилото.
Двата случаи се пријавени на грчката полиција и за истото е изготвен записник.
Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблици, бројката за оваа година достигна вкупно девет, а досега се регистрирани и три оштетувања на возила и регистарски ознаки, со што се повторуваат проблемите со кои се соочуваат македонските туристи во Р. Грција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


