| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед забрани таблети на трибините

На навивачите на Манчестер јунајтед во новата сезона ќе им биде забрането да внесуваат таблети и други електронски уреди на трибините на „Олд трафорд“. Технолошкиот развој на електронските уреди, сепак, ќе биде лимитиран кога се работи за клубот од Манчестер. Од управата на „црвените ѓаволи“ веруваат дека со одлуката за забрана за носење таблети ќе им се овозможи на сите навивачи беспрекорно да го проследат натпреварот за кој се дојдени.
Исто така се загрижени од честите случаи во кои посетител го снима поголемиот дел од натпреварот и потоа нелегално го репродуцира на интеренет и на социјалните мрежи.
Сите навивачи добиле известување по електронска пошта за новата одлука и околу безбедносните мерки за натпреварот против Валенсија на „Олд трафорд“.

– Сакаме да ги известиме нашите навивачи во врска со клупската одлука која се однесува на електронските уреди. На гледачите им е забрането да носат електронски уред кој е поголем од пропишаните димензии (150×100 милиметри), како што се таблетите или преносните компјутери. Исто така е забрането да се внесат поголеми торби, поголеми фотоапарати и шишиња, освен најмалите што се користат за вода – известуваат од клубот и се заблагодаруваат на соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top