Аргентинскиот тренер Херардо Тата Мартино кој е поранешен тренер на Барселона ќе седне на клупата на аргентинската фудбалска репрезентација.
Соработката веќе е договорена и Мартино ќе го наследи на клупата Алехандро Сабејла кој успеа Аргентина да ја доведе до финалето на светското првенство во Бразил, но не и да го освои.
Мартино беше доведен во Барселона по барање на Меси, но не успеа да се прослави и освои само еден трофеј и тоа во суперкупот на Шпанија.
Со доведувањето на Тата Мартино на клупата Аргентина ќе продолжи соработката со најдобриот играч на оваа држава Меси, кој е познат по тоа што има влијание кај тренерите околу составувањето на играчкиот кадар кој му е по мерка, било да е тоа во Барселона или пак во репрезентацијата на Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Меси и неговата нова мајсторија за која зборува цел свет! (Видео)