| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичани демолирале ќебапчилница бидејќи не им дале алкохол

Вчеравечер се случил вистински хаос во угостителскиот објект ќебапчилница „Чутура“ во Струмица.

ddemoliraleeee

Три лица, О.С.(29), Т.С.(29) и В.С.(46), сите од с. Баница, кои биле во алкохолизирана состојба, откако не биле послужени со алкохол, со употреба на метални предмети и физичка сила ги нападнале вработените и гостите во објектот.

При тоа им нанеле видливи повреди, а оштетиле и дел од инвентарот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поденесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top