| четврток, 6 декември 2018 |

Смртта на Робин Вилијамс го растажи и Обама

Ненадејната смрт на легендарниот актер Робин Вилијамс го растажи и американскиот претседател Барак Обама, кој веќе му изрази сочувство на семејството Вилијамс и пријателите.

obama.jpg500

– Робин Вилијамс беше радиоводител, гениј, дадилка, претседател, професор, Петар Пан и сѐ измеѓу. Но, беше единствен. Влезе во нашите животи како вонземјанин, но по пат успеа да стигне до секој елемент на човечката душа. Нѐ смееше сите. Знаеше и да нѐ натажи и расплаче. Великодушно и слободно го подели својот  неверојатен талент со оние на кои најмногу им требаше, од нашите сили во странство до маргинализираните на нашите улици – пишува, меѓу другото, во соопштението од Барак Обама испратено до јавноста поради смртта на големиот актер Робин Вилијамс.

1obama.jpg500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top