| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една трагична сообраќајка: Штипјанец го загуби животот

Уште една тешка сообраќајна несреќа во Македонија. Синоќа двајца штипјани со мотоцикл „јамаха“ тргнале кон падините на Плачковица за да се повозат, но возачот Ј.М. загубил контрола и паднал на коловозот.

motor

На местото на несреќата поради сериозноста на повредите починал сопатникот, 41-годишниот Ангелче Костадиновски, додека возачот добил сериозни повреди и е задржан во штипската болница.

Се истражуваат причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top