| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит: Договорот е постигнат доцна, се надевам не предоцна

Ова е договор кој е постигнат доцна, но се надевам не предоцна, изјави Ричард Ховит на прес конференцијата по одлуката СДСМ сепак да не ги бојкотира изборите.

-Никој не треба да го потцени предизвикот на партиите да постигнат договoр и мојата порака до земјите членки на ЕУ е тие самите да ги надминат своите предизвици за да овозможат да се конкретизира денешниот договор – порача Ховит по средбата во претседателската Вила, каде беше одлучено СДСМ да се врати во Собрание, да оди на локални избори и да нема предвремени парламентарни избори.

Тој додава дека договорот е суштински за европските перспективи на оваа земја. Тој е среќен што ја имал улогата на посредник.

– Сега е важно дека е постигнат договoр од страна на партиите во земјата – истакна известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

 

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top