Велика Британија предложи резолуција на Обединетите нации со која ќе се осуди регрутирањето и финансирањето на борци за џихадистичката организација Исламска држава, под чија контрала се наоѓаат делови од Сирија и од Ирак, како и за другите терористички групи поврзани со Ал Каеда.
Со предлог-резолуцијата се бара „сите странски терористички борци“ веднаш да се повлечат. Исто така, се наведува дека Советот за безбедност на ОН да воведе санкции за оние кои регрутираат, поддржуваат и се борат на стра на на терористичките групи.
Дипломати во СБ истакнаа дека експертите денеска ќе разговараат за предлог-резолуцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


