| четврток, 6 декември 2018 |

Киев: Жителите на Донецк и Луганск привремено да ги напуштат градовите

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (СНБО) побара од  жителите на Доњецк и на Луганск да ги напуштат градовите преку коридорите кои ги формираа украинските војници.

Crisis in Ukraine

– Им се обраќаме на цивилите со повик привремено да ги напуштат градовите, бидејќи таму ќе се спроведе операција за нивно ослободување и уништување на терористите – изјави претставникот на СНБО, Андреј Лисенко.

Тој наведе дека украинските безбедносни сили се подготвени максимално да му помогнат на локалното населени кое ќе одлучи привремено да ги напушти Доњецк и Луганск.

– Подготвени сме да обезбедиме превоз за луѓето – истакна Лисенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top