| четврток, 6 декември 2018 |

Астероид во погрешно време ги истребил диносаурусите?

did-an-asteroid-doom-the-dinosaurs_64137_600x450

Само неколку милиони години подоцна, диносаурусите можеби би го преживеале големиот вселенски судар

Погрешно место. Во погрешно време. Диносаурусите и не морале за изумрат, но вселенскиот удар кој ја погодил Земјата пред околу 66 милиони години се случил во најнесоодветниот момент за дамнешните владетели со планетата.

Се разбира, никогаш не е прикладно време за удар на астероид, но со децении се водат дебати меѓу научниците дали вулканите или долготрајното исчезнување на видовите можеби играле поголема улога во исчезнувањето на диносаурусите.

Деновиве во извештај објавен во „Бајолоџикал ривјус“ се заклучува дека астероид или комета која го направила кратерот Чиксулуб на Јукатан, била навистина главната причина за тоа. Други фактори, најверојатно се ранливата подпопулација на големите тревопаси, во основа ги оставило диносаурусите зрели за истребување од астероид.

– Ако астероидот удрил пет милиони години порано или подоцна диносаурусите можеби се уште би биле тука наоколу, вели палентеологот Стефен Брусате од британскиот Универзитет од Единбург, член на комисијата која го пишувала извештајот, во кој биле вклучени експерти од водечките музеи за диносауруси и универзитети низ светот. – Ударот најверојатно бил страшен за нив, но повеќе од 150 милиони години тие преживувале и пострашни непогоди, вели тој.

Најмалку десет километри широкиот објект кој го направил кратерот Чиксулуб, оставил трага широка од 177 до 290 километри и 19 километри длабока, под мексиканскиот полуостров Јукатан и во Мексиканскот залив.

Откако нобеловците физичари Луиз Алварез и неговите колеги во 1980 година први дошле до заклучок дека за исчезнување на диносаурусите е одговорен астероид, научниците дебатираат за улогата која со текот на времето доведе до извештај за кој авторите велат дека е консенузс за главната причина за судниот ден на диносаурусите.

– Многу е значајно тоа што палентеолозите воошпто за нешто се согласија, вели палентеологот Ричард Батлер од британскиот Универзитет во Бирмингем, авторот на извештајот. – Сега повеќемината од нив се согласуваат дека ударот на астероидот ја одиграл најважната улога.

Денес се верува дека птиците се единствените преживеани диносауруси по нивното исчезнување по ударот, со што завршила скоро 160 милиони години доминацијата во животинското царство на диносаурусите, во кое време имало и други масовни истребувања.

– Она што вистински се смени е што денес имаме многу докази од фосили, од почвата и од геологијата за тоа што правеле диносаурусите, вели Батлер. – Дали сите биле ранливи до пред ударот на астероидот или и онака би исчезнале? Не. Доказите покажуваат дека ударот го сторил тоа.

Baby-dinosaurs-cop_2117742b

Слаби врски

Диносаурусите исчезнале во добата на тираносаурус рекс и на трицератопсите познати од музејските поставки, во периодот познат како доцна кретацеа. Но севкупно, разновидноста на видовите диносауруси во тоа време не било насекаде во опаѓање, извештајот открива дека тоа се случило меѓу клучната група на големи тревопаси, како што се паткоглавите диносауруси, кои биле плен за големите месојадни диносауруси.

– Имало толку многу мали посебни диносауруси, но помалку според видовите, и сите слично си изгледале, вели Батлер, потенцирајќи на еколошките анализи наведени во извештајот. – Губењето на разновидноста меѓу клучните видови е најдоброт механизам кој го имаме за објаснување зошто биле толку подложни на истребување.

Во основа, во извештајот се тврди дека големите тревопасни, роглестите цератопси и паткоглавите хадросауруси, биле клучните видови во екологијата на диносаурусите. Нивната сличност по вид и недостигот од разновидност, наведуваат дека диносаурусите имале малку места за бегање, немале алтернативен плен и имале помалку карактеристики за адаптирање на кои би се потпреле кога удрил астероидот.

Ударот на астероидот предизвикал глобален пожар по што следувале децении „ударна зима“, што предизвикала можеби и до 75 процентно уништување на сите видови на планетата, меѓу кои се и нептичјите диносауруси.

– Ако во било кој екосистем ја тргнете врската со клучните видови, таа заедница ќе има проблеми, вели Батлер. – Астероидот бил таков голем проблем кој дошол во лошо време, вели тој.

Добри времиња, лоши времиња

Диносаурусите имале други проблеми пред околу 66 милиони години. Периодот на интензивна вулканска активост изгледа почнала неколку стотици илјади години пред ударот на астероидот. Климатските температури брзо се покачувале и опаѓале, можеби како одговор на активноста на вуланите.

А периодот на повлекувањето на морињата од средишните копна, како што е случајот со средината на Северна Америка, создало мочурливи средини за разновидни групи од отсечените диносауруси. Копнените мостови кои се формирале во тоа доба, можеби ги поврзало претходно изолираните видови, со што дошло до униформираност помеѓу големите тревопасни диносауруси.

Огромниот број на вулкани кои му пртеходеле на ударот во Чиксулуб, дошле од долината Декан, 518 илјади квадратни километри планински регион во централна Индија.

Геофизичарот од Принстон, Герта Келер, која одамна тврди дека овие ерупции одиграле голема улога во истребувањето на диносаурусите, не се согласува со „консензусот“ за астероид кој беше објавен во „Бајолоџикал ривју“.

– Во споредба со оваа вулканска катастрофа, ударот во Чиксулуб е многу помала катастрофа, вели Келер во одговор по е-пошта. Секоја од ерупциите најверојатно имала влијание врз климата исто како астероид, тврди таа, додавајќи дека можеби се случиле 30 до 100 ерупции. – Вулканите од Декан се дефинитивно главната катастрофална причина која довела до масовно истребување.

Сепак, Брусате вели дека фосилите од диносаурусите се уште се наоѓаат по добата на Декан ерупциите, но не и по ударот на астероидот. Мајската сесија на Националната академија на науките во извештај заклучува дека ударот предизвикал глобална зима која траела со децении, „што е елементот кој довел до истребување на многу биолошки видови, меѓу кои се и диносаурусите“.

Континентална поделба

Иако истражувачите на диносауруси сега знаат за многу видови („и се пријавува барем по еден нов вид секоја недела“, вели Брусате), отколку што знаеле во 1980, нивните анализи се уште воглавно се базираат на северноамериканските фосили, заради што извештајот наведува дека е тоа слаба точка во анализите.

– Мораме да најдеме повеќе фосили надвор од Северна Америка, вели Брусате. – Но, сепак сметам дека имаме доволно информации за да бидеме уверени дека ударот на астероидот бил главен фактор за истребувањето на диносаурусите.

– Едно прашање кое секогаш привлекува одговори е што би се случило ако астероидот не удрил, вели Батлер. – Со оглед на тоа толку биле успешни диносаурусите и биле способни да се вратат во нормала по претходните падови, тие најверојатно би биле се уште тука. Но не и ние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top