| четврток, 6 декември 2018 |

Чеку: Постои план Б за косовските безбедносни сили

Министерот за одбрана на Косово, Агим Чеку, е оптимист дека петтиот косовски законодавен дом ќе ги усвои измените на Уставот, со што ќе се овозможи транформирање на косовските безбедносни сили во армија на Косово.

agim ceku

Како што јави дописникот на МИА, на прашањето што ако српската заедница се противи на тоа, тој изјави дека постои и план Б за бебзедносните сили.

– Доколку српската заедница го доведе ова во прашање, косовските безбедносни сили нема да останат маргинализирани, бидејќи постои план Б, преку кој тие ќе прераснат во модерна војска, само со усвојувањето на неопходните закони – изјави Чеку.

Тој нагласи дека доколку „стане јасно“ оти не можат да се надминат разликите, според  планот Б нема да се менува Уставот на Косово, туку само би се променеле законите за да не бидат во спротивност со Уставот.

Според Чеку, косовските безбедносни сили ги исполнуваат сите услови за трансформирање во вооружени сили на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top