| четврток, 6 декември 2018 |

Вакцина против ебола на почетокот на 2015 година

ebola

Клиничките испитувања на вакцината против смртоносниот вирус ебола наскоро треба да почнат, а нејзината употреба се очекува во првите месеци од 2015 година, рече Мари-Пол Кјени, заменик-генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Нејзиниот колега, Жан-Мари Окво Бели, раководител на одделот за вакцини во СЗО, изјавил дека британската фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ клиничките испитувања на вакцината ќе ги  почне во септември и дека е оптимист за создавање услови за нејзина достапност на пазарот. Кјени признава дека со оглед на ситуацијата со ебола, вакцината за оваа болест нема да биде тестирана ригорозно како што е случај со други вакцини и лекови, бидејќи тоа ќе биде невозможно.

Многу е веројатно дека вакцината ќе биде пуштена на пазарот по тестирањето на нејзината ефикасност и безбедност на помал број луѓе од вообичаеното. На развојот на вакцина за ебола биле ангажирани бројни научници за да се олесни и да се забрза нејзиниот развој, но според СЗО многу е важно да се забрза одобрувањето на владите на африканските земји за првата фаза на тестирање, која во овие земји може да трае со месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top