
-Листеријата и опасноста од бактеријата предизвика паника кај македонското население, бидејќи во јавноста деновиве неофицијално се шири информација дека покрај кумановската „Екстра меин“, и кај производите на уште три компании кои се дел од бизнисот на месните преработки е можно присуство на опасната бактерија. Оваа информација во текот на вчерашниот ден не ни ја потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде што велат дека освен „Екстра меин“, во која е запрено производството, немаат информации дали во другите месни индустрии е стопирано или намалено производството на месни преработки – пишува Вечер
Што се однесува на сомнителните мостри, тие се земени веднаш откако беше откриен првиот случај на листерија во Гевгелија од Министерството за здравство и сè уште траат анализите во сите месни капацитети во државата.
Агонијата со листеријата трае веќе еден месец, а посебно во последните неколку дена, откако Министерството за здравство после цел месец испитување на примероци од над 30 преработувачки капацитети ја објави информацијата дека кај месната индустрија „Екстра меин“ е потврдено присуство на бактеријата во сечкан свински врат. Тоа уште толку ги исплаши граѓаните, а резултатите на теренот велат дека драстично е намалена потрошувачката во месарниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо


