| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ: Расте продуктивноста на трудот, а се намалуваат трошоците за работна сила

работнициВо првиот квартал годинава пораснал бројот на вработени, при што темпото на раст забави во споредба со растот лани. Со тоа, осум тромесечија по ред овој показател е во зоната на позитивни годишни промени, соопшти Народна банка во најновиот квартален извештај.

„Ваквите придвижувања се во согласност со остварувањата во реалниот сектор, коишто, исто така, се поволни. Новиот бран структурни реформи во форма на јавно финансирани проекти во патната, железничката и енергетската инфраструктура, како и политиките на субвенционирање во земјоделството се во основата на фискалниот стимул, којшто дава позитивен импулс на пазарот на труд. Подобрувањето на некои од клучните показател и на пазарот на трудот веќе неколку години по ред се поврзуваат и со активните мерки за вработување, како и со делувањето на новите капацитети од технолошко-индустриските развојни зони. Во првото тримесечје, годишно подобрување се забележува и кај показателите на конкурентноста, и тоа за првпат по двегодишно постојано одржување во негативната зона. Така, продуктивноста на трудот забележа нагорно поместување, при истовремено надолно приспособување на трошоците за работна сила“, се вели во извештајот на НБРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top