| четврток, 6 декември 2018 |

Апликацијата за промена на бојата на „Фејсбук“ шири вирус

Експертите од компанијата „Чита мобајл“ откриле дека апликацијата за промена на бојата на профилите на „Фејсбук“ шири вирус со кој може да се заразат компјутерите и мобилните телефони.

Моментно повеќе од десет илјади луѓе низ светот се „инфицирани“ со овој вирус. Апликацијата „Фејсбук колор ченџер“ тврди дека со неколку кликови можете да ја промените бојата на својот профил, а всушност ве води на „фишинг“ страница.

Блaгодарение на ранливоста на „Фејсбук“, хакерите можат да вметнат вирус или злонамерни шифри во овие апликации.
Така во овој случај шифрата ќе ве одведе на „фишинг“ страницата, која ги напаѓа корисниците на два начина.

Може да ги украде вашите податоци преку пристапот за податоци на „Фејсбук“, што од вас бара да го погледнете видеото за апликацијата. Во тој момент хакерите добиваат привремен пристап до вашите податоци и поради тоа можат да се поврзат со вашите пријатели.

Ако корисникот не го погледне видеото, страницата од него ќе бара да ја симне апликацијата. Ако ја симнува преку комијутер, всушност ќе симне порнографско видео. Ако проба да ја симне апликацијата преку андроид, ќе добие опомена дека мобилниот телефон е заразен и ќе прати совет за симнување на други апликации.

Ако веќе сте ја симнале оваа апликација, „Чита мобајл“ ве советува веднаш да ја смените својата лозинка на „Фејсбук“ и избришете ја апликацијата од својот уред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top