| четврток, 6 декември 2018 |

Сонувал дека го изневерила, речиси ќе ја убиел од тепање

Американец од Флорида речиси ќе ја убиел својата девојка откако сонувал дека таа го изневерила.

Девојката на Карлос Гаскон успеала да се јави во полицијата откако тој доцна во петокот заспал и пријавила што се случило. Нејзиниот партнер, откако сонувал дека таа го изневерила со друг, цел ден ја тепал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Според полицискиот извештај, во нивниот дом во Флорида Гаскон девојката ја тепал, ја потурал со жешко кафе, ја фрлил на стаклена маса која од силата на удар се скршила и со нож и се заканувал дека ќе ја убие.

Конечно во 18.45 тој повторно заспал и девојката успеала да се јави во полицијата, која го обвинува за сериозен напад и за семејно насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top