| четврток, 6 декември 2018 |

Почина голманската легенда Владимир Беара

Синоќа во Сплит на 85-годишна возраст почина Владимир Беара, еден од најдобрите светски голмани во историјата на фудбалот. Беара ја загуби животната битка, а причина за смртта е мозочен удар. Тој беше една од најдобрите светски голмани во средината на минатиот век и една од многуте легенди на сплитски Хајдук. За популарните „били“ Беара бранеше на 308 натпревари и освои три шампионски титули.

Потоа направи трансфер во Црвена звезда, за која бранеше пет години, а кариерата ја продолжи во Алеманија Ахен и во Викторија Келн.

За репрезентацијата на поранешна Југославија бранеше на 60 натпревари, беше учесник на три светски првенства, во Бразил 1950, во Швајцарија 1954 и во Шведска 1958 година. Освои и сребрен медал на Олимписките игри во Хелсинки во 1952 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top