Војската на Украина се подготвува за завршната фаза за ослободување на Донецк од проруските сили откако оствари голема предност раздвојувајќи ги нивните редови, најави денеска портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко.
Тој истакна дека украинските сили го отсекле Донецк од другото главно упориште на бунтовниците, Луганск на границата со Русија.
– Силите на антитерористичката операција се подготвуваат за завршната фаза за ослободување на Донецк. Нашите сили во целост го отсекоа Доњецк од Луганск. Работиме на ослободување на двата града, но подобро е прво да го ослободиме Донецк, тоа е поважно – изјави Лисенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.