Даниел Јакупек од бес уби петгодишно дете
Едно од овие грозни убиства се случи во 2007 година кога 33-годишниот Даниел Јакупек во својата куќа во Србија го уби петгодишниот Лука Опатиќ, а потоа со бонсек го искасапил. На исти начин му пресудил и на 26-годишниот вујко на детето, Васил Трбовиќ. Двете тела ги фрлил во Дунав.
Пред судиите изјави:
–Не знам што ми беше, ги убив во бес. Навистина уживав додека го сечев малиот Лука и ги слушав неговите извици. Му ја отсеков главата многу полесно од што мислев дека можам!
Завршил на психијатарско лекување.
Катарина Јанковиќ жртва на мајка си и на нејзиниот љубовник
Злосторство што ја шокираше јавноста е и тоа кое се случи на 16 јули 2005 година кога во Белград 40-годишниот монструм Малиша Јевтвиќ силувајќи ја до смрт ја уби 3-годишната Катарина Јанковиќ. Нејзината мајка седела и пушела цигара. Место да ја одведат на лекар, тие седеле дома уживале и јаделе. Девојчето починало поради силните болки поради расцепените органите. Ѝ бил расцепен и црниот дроб. Јевтиќ во моментот на апсење негирал дека ја силувал малата Катарина и се заканувал дека е полковник во Единицата за специјални операции и дека кога-тогаш ќе им се одмазди. Неколку дена подоцна рекол дека е автолимаринар. Двајцата тврделе дека девојчето паднало од кревет. Подоцна почнале да си ја префрлаат вината еден на друг. Тој е осуден на 40 години затвор, а мајката на 37 години затвор.
Горан Илиќ – по Душица трагаа 11 дена
На 4 април 2001 година, 49-годишниот Горан Илиќ ј уби, а потоа и мртва ја силуваше 15-годишната Душица Илиќ од неговото село. Девојката била прва година во училиштето за убавина во Белград, а тој ден со автобус стигнала во соседното село и одела пеш четири километри. На пат ја сретнал Илиќ, ја нападнач. Ја силувал мртва и ја оставил во канал покрај патот. Заминал дома, се преоблекол и се обидел да ги отстрани трагите од крв на облеката. Следниот ден отишол на местото на убиството и покрај мртвата девојка си го барал часовникот што во борбата со девојката му паднал од рака. Девојката е пронајдена 11 дена подоцна, а тој е уапсен во април 2011 година. Го признал убиството на девојката и е осуден на 40 години затвор.
Пред тоа, во 1984 година, тој ја убил тресет и петгодишната Зора Радијчиќ, тогаш мајка на две малолетни деца, а потоа ја силувал. Потоа се прошетал, се вратил и пак ја силувал мртвата жена. Бил осуден на 15 години затвор.
Мирољуб Антонијевиќ – се обесил по убиството на Драгана
На 14 април 2001 година на 800 метри од местото каде што била убиена Душица, биле пронајдени телата на 15-годишната Драгана Тодоровиќ и на 52-годишниот Мирољуб Антонијевиќ. На главата на Драгана Тодоровиќ имало видливи повреди, а Мирољуб бил обесен на пет метра од телото на Драгана. Според истражните органи, Мирољуб со секира ја убил девојката, а потоа се самоубил.
Драган Николиќ – Чомбе – Тамара сакала да му помогне
Есента 2005 година вво близина на железничката станица Шангај, кај напуштените вагони со 19 убоди со нож била убиена тринаесетгодишната Тамара Ивановиќ. Тамара тој 21 ноември се враќала дома од училиште, видела човек како лежи на земја и сакала да му помогне. Не знаела дека му дава помош на монструмот Драган Николиќ (52). Ја избол со кујнски нож во грбот и во срцето. Од Тамара ги зел мобилниот телефон и следниот ден го продал за 1.000 динари. По убиството, извалкан со крв, отишол да пие. Се вратил кај имасакрираното тело и влегол во еден од вагоните, ја исчистил гардеробата од крв и легнал да спие.
Во текот на изрекувањето на пресудата иронично се смеел. Осуден е на 40 години затвор.
–Знам дека убив младо дете што требаше да живее, но за мене таа, во тој момент беше напаѓач. Мислев дека ќе ме нападне кога паднав. Тој ден испив многу алкохол – изјавувал тој.
Инаку, Тамара е внука на Милорад Легија, осуден за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓингиќ.
Младен Огулинац: Злосторник што ѝ го украде детството на Марија
Осумгодишната Марија Јовановиќ на 26 јуни 2010 година кај Нови Сад е убиена од монструмот Младен Огулинац. На полицијата ѝ изјавил дека тој ден испил литар вотка. Потоа заминал во куќата каде што живеела Марија. Девојчето ја отворило вратата бидејќи бил брат на нејзината негувателка. Ѝ ветил дека ќе ја носи да си игра, а потоа во неговата куќа ѝ пуштал порнофилмови, а потоа ја силувал. Девојчето плачело и викало дека ќе ѝ каже на својата мајка. Се обидел да ја убеди никому да не му кажува. На крај ја убил. И ставил крпа во уста и ја задавил. По злосторството телото на девојчето го изнел од дома и во дворот го покрил со земја и со лисја. Поради закана дека ќе се убие бил префрлен во специјална затворска болница во Белград. Умрел во ќелија од срцев удар. Тајно бил погребан на гробиштата во Нови Сад, а по неколку дена некој го откорнал бетонскиот крст и го превртел наопаку. Пред убиството бил осомничен за обид за силување, но за тоа не одговарал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.