Борци од терористичките групи од Блискиот Исток и од Африка, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со Ал Каеда, преминуваат во редовите на Исламска држава (ИД), која постигна сериозни успеси во последните месеци во Сирија и
во Ирак, пишува весникот „Вашингтон пост“, цитиран од ИТАР-ТАСС.
Американскиот дневен весник, повикувајќи се на претставници на американската влада кои имаат достап до доверливите разузнавачки информации, пишува дека неодамна кон ИД се приклучиле и исламисти од јеменската ќелија на Ал Каеда и од Либија.
Американските специјални безбедносни служби прогнозираат задржување на тенденцијата на зацврстување на Исламска држава како резултат на дотокот на нови екстремисти од другите групи.
Според процени на американските разузнавачи, ИД во моментов располага со околу 10.000 борци. Од нив, меѓу три и 5.000 броци не се родени во Ирак или во Сирија – двете земји кои претставуваат широка база на групата.
Меѓу борците на ИД имало и десетина Американци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.