Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ, со комплименти за борбеноста на репрезентативците на вчерашниот воведен меч во квалификациите за Европското првенство 2015 година.
– Би сакал да играме како Белгијците, но нашите тела не можат да го издржат тоа. Во првото полувреме се случи она од што се плашевме, од преголем адреналин не можевме да го покажеме тоа што го знаеме. Одбраната не ни беше толку лоша колку што нападот не ни одеше најдобро. Противникот одлично го анализирал нашиот напад, ги знаеше сите наши движења. Во вториот дел се приспособивме, игравме многу поцврсто во одбраната, многу почесто ротиравме, и тоа даде резултат. Малку ми е жал што Војдан не погоди на крај, да завршевме без продолженија, но во секој случај победата ни е слатка. Ова денеска е срцето и енергијата на играчите, ова не е моја голема мудрост, туку нивна голема победа – изјави Џикиќ и ја искористи можност да им се заблагодари и на сите тие што не ѝ посакуваат најдобро на репрезентацијата.
– Има луѓе што не сакаат Македонија да се пласира на Европското првенсто, на нив им сум бескрајно благодарен што нѐ мотивираат секој ден – рече Џикиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.