Бројот на порно филмови снимени во Лос Анџелес се намалил со спектакуларна брзина ако се споредат податоците за 2012 и 2013 година и сето тоа како последица на законот кој обврзува да се носат кондоми.
Според податоците на Филм ЛА, организацијата која издава дозволи за снимање, во текот на првите седум месеци годинава издадени се само 20 дозволи за снимање.
Производството на порно филмови во 2011 година достигна бројка од 5.000, а сите се снимени во Лос Анџелес и Сан Франциско. Но по протестото на СИДА активистите, производството драстично се намали откако е воведен нов закон, познатот како “Мерка Б“. Законот е прифатен во ноември 2012 година за да се намали ширењето на сексуално преносливи болести меѓу порно актерите, кои од тогаш се обврзани да користат кондоми.
Професионалците од порно индустријата сметаат дека законот е потполно непотребен бидејќи индустријата спроведува обавезно тестирање на ХИВ, бидејќи повеќето актери не сакаат да користат кондоми во текот на снимањето, пренесува Индипендент.
Публиката исто така негодува бидејќи не сака да гледа филмови во кои се користат кондоми. Поради тоа повеќе од половина од производството од Лос Анџелес се пресели во Лас Вегас, Флорида, Латинска Америка и источна Европа.
Претседателот на “Филм ЛА“ Пол Одли го опиша падот на дозволите за снимање како драматично случување поради тоа што работата не ја губат само актерите, туки и тие што стојат зад камерите, во гардеробите и останатите помалку атрактивни работи во порно индустријата.
Се смета дека порно индустријата обезбедува околу 20.000 работни места во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


