| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за таткото на настраданиот Лука: Групен собир на Бранков мост во 17 часот

luka-tatko500
Бојан Јовановиќ, таткото на Лука кој загина откако на него налета автомобил на Бранков мост, денеска во 17 часот повторно ќе протестира на местото каде што неговиот син го загуби животот. Но, овојпат ќе му се придружат и голем број на сограѓани кои сочувствуваат со неговата болка.

Јовановиќ е очаен поради тоа што полицијата сѐ уште не успеа да го пронајде убиецот на неговиот син.

Тој на мостот стои покрај сигурносните камери со фотографија од неговиот син во раце, надевајќи се дека на нив може да се види кој го удрил неговиор син Лука.

– Мојата намера е секој ден од 16:20 до 17:00 часот да бидам овде и тивко да протестирам додека не се пронајде виновникот. Мислев дека постојат луѓе кои искрено се посветени на тоа да го пронајдат убиецот, но после 10 дена почнав да се сомневам во тоа. Се надевам дека нивната совест ќе проработи, а и кај оној што му го направи тоа на мојот син. Само сакам душата на мојот Лука да биде спокојна, неодамна изјави Бојан за српските медиуми.

Иако неодамна тој реши дека веќе нема да протестира на мостот по ветувањата од полицијата дека ќе го решат случајот, граѓаните преку социјалните мрежи повикуваат за групен собир во 17 часот на Бранков мост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top