
Најдобриот аргентински кошаркар Ману Џинобили со голема веројатност нема да ја предводи неговата репрезентација на Мундобаскетот во Шпанија.
– Денеска можам да кажам дека 98 проценти веќе нема да играм за репрезентацијата. Иако планирав да бидам дел од Аргентина на Светското првенство, повредата на стапалото ме спречи да настапам во Шпанија, порача 37-годишниот ветеран.
Џинобили е член на НБА лигашот Сан Антонио, клуб кој му забрани да учествува на СП поради повредата на ногата.
Емануел Џинобили со репрезентацијата има освоено злато и бронза на Олимписките игри 2004 и 2008 година, и сребро на Светското првенство 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


