Претседателот Башар ал Асад повторно за премиер на Сирија го назначи актуелниот вршител на функцијата, Ваел Надер ал Халки, на кого му го довери мандатот да состави нова Влада, соопшти сириската државна агенција САНА.
Како што наведуваат американските медиуми, Асад денеска го потпишал указот за назначување на Ал Хилки.
Ал Халки во јуни автоматски стана привремен премиер на земјата, по претседателските избори на кои Асад го обезбеди новиот седумгодишен мандат.
Не е познато со колку време ќе располага Халки при составувањеот на својот нов кабинет, за кој, меѓутоа, не се очекува дека го промени текот на веќе тригодишната граѓанска војна во Сирија, забележаа американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.