| четврток, 6 декември 2018 |

Почина гитаристот Сокол

mitko-sokol
По долго боледување денеска во Скопје почина Митко Мустачки Сокол. Соколот, како што го викаа неговите пријатели и музичари, беше познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на Долар и Карамела.

Тој во еден период водеше и музичка те ве емисија со наслов „Старите добри времиња“ во кои, користејќи ја својата исклучително богата видео и аудио архива, направи вистински времеплов на добрата музика од македонските, поранешните ју простори и од светот.

Неговите колеги од музичката сцена неодамна организираа и хуманитарен концерт за финансиска поддршка на лекувањето, но болеста, за жал беше посилна од големата волја на соколот, неговите најблиски и другарите.

Митко Мустачки Сокол остави силна трага на македонската рок сцена со своето одлично свирење на електрична гитара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top