СВР-Скопје во текот на изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани беа 723 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 38 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 62 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 24 возачи, кај 29 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 36 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 28 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Изречени се 21 прекршок за некористење на сигурносен појас, 47 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 206 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се девет прекршоци.
За недавање првенство на минување изречени се два прекршока, за непрописно престројување изречени се четири прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 14 прекршоци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај осум возила е утврдена техничка неисправност и со пајак службата подигнати се вкупно 196 возила.
Исто така во изминатиот период, односно од промоцијата на проектот “Предложете сообраќајна контрола”, на веб страницита на Министерството за внатрешни работи пристигнаа вкупно 73 предлози од граѓаните од повеќе градови низ Република Македонија. По постапувањето на сообраќајната полиција по предлозите добиени од страна на граѓаните беа констатирани повеќе прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај и тоа: брзо возење, паркирање на коловоз и на тротоар, паркирање на тротоар и пешачка патека, поминување на затворен семафор-црвено светло, користење на мобилен телефон за време на управување итн.
Притоа беа изречени вкупно 63 мерки, 39 покани и 27 платни налози за констатираните прекршоци. Министерството за внатрешни работи е и понатаму отворено за предлози и сугестии од страна на граѓаните за зголемување на сообраќајни контроли низ целата територија на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре