| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано 15-годишно момче од Скопје

mvrМомче е претепано ноќеска, околу 2 часот и четириесет минути на крстросницата од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Рокомија“, во Скопје. Според МВР се работи за петнаесетгодишно момче од Скопје кое било физички нападнато од неколку млади лица, кои удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото му нанеле телесни повреди.

Според пријавителот, односно таткото на оштетениот, физичкиот напад бил етнички мотивиран. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top