
Сообраќајка во битолско со голема материјална штета. Вчера во с.Новаци, битолско, М.С.(26) од с.Брод управувајќи ТМВ„Ман“, удрил во транспортниот систем сопственост на РЕК Битола, при што оштетил 16 ваљаци, околу осум столбови, дваесетина капаци од системот, искината сајла, оштетување на металната конструкција и на една сигурносна склопка.
Со оштетувањето причинета е материјална штета од околу 1.000.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


