
Никола Соскиќ беше претепан на минатогодишниот Пивофест во Белград. Лицето буквално му беше деформирано, а болките уште ги чувствува.
Во интервју за српски Телеграф вели дека сторителите на ова грозоморно дело, сѐ уште не се казнети.
Цела година имам силни главоболки, а судењето сѐ уште не е почнато. Наскоро ќе почне пак тој Пивофест. Има ли правда и закони во оваа држава. Како што ми изгледа на обезбедувачите никој ништо не им може, рече Никола.
Приказната да биде уште пострашна, на Никола му се случи сево ова затоа што сакаше да спаси друго момче.
-Тргнав кон тоалетот и видов како двајца вработени во обезбедувањето жестоко тепаат едно момче. Им викнав „Што правите бе ќе го убиете човекот“. Веднаш се затрчаа кон мене. Ми удрија многу боксови и паднав на земја. Тогаш ме дотепаа. Целото лице ми беше подуено, вели момчето на кое му беа скршени сите коски на лицето и доби потрес на мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


