
Американската модна куќа „American Apparel“ е обвинета за користење „малолетничка порнографија“ за реклами на нивните производи. Се работи за рекламата на нивната нова линија на здолништа наречени „Back to School“.
Модниот малопродажен ланец познат по провокативните кампањи на својот профил на „Инстаграм“ објавиле девојки кои ги носат нивните производи со експлицитна содржина. Моделот е навален преку автомобил и носи зелено-плаво здолниште и јасно се гледаат голите нозе и задникот.
Бројни корисници на социјалните мрежи веднаш гласно го изразија негодувањето поради овие фотографии и ги опишале како сексистички.
– Во кое училиште смее да се носи ова?! Не во моето – напишала една корисничка на „Твитер“.
Друга корсничка на „Инстаграм“ напишала: „Никогаш не помислив дека „American Apparel“ ќе мораат да употребат порнографија за да продадат нешто. Малолетника порнографија. Срамота“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


