
Матичарите во Хрватска го добиле првото барање за склучување брак меѓу двајца мажи. Тие, како што објави РТЛ телевизја, имале од 30 до 40 години и се родени во оваа земја.
“Да точно е, барањето е добиено и врз основа на тоа, веќе го одредивме и датумот на венчавката. Тоа ќе биде по околу еден месец, но заради заштита на приватноста не смееме да откриеме други податоци” изјави министерот Арсен Баук. Се шпекулира дека двајцата мажи ќе се венчаат на Истра.
Наводно имало голем број барања за склучување геј бракови во Хрватска,а процедурата е следна: двојката најпрво треба да дојде во Бирото, да ги пополни документите и да плати 300 куни.
Загрепските матичари веќе ја осмислија и церемонијата. Во заднината ќе се слуша музиката на Елтон Џон, а венчавката ќе почне со зборовите на матичарот „Ги поздравувам сите присутни, кои ја делат радоста на овој свечен чин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


