| четврток, 6 декември 2018 |

Филе, Груевски и Црвенковски на средба кај Иванов

Продолжуваат преговорите меѓу власта и опозицијата со посредство на европските претставници за излез од политичката криза

102782586
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, и поранешниот претседател на ЕП, Јиржи Бузек, по средбите во Владата со премирот Никола Груевски и во  Инфоцентарот на ЕУ со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети, попладнево се на разговори кај претседателот Ѓорге Иванов.

Во вилата „Водно“, кај шефот на државата, покрај европската тројка, пристигнаа и премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите за внатрешни и за надворешни работи, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.

Таму е и делагација на СДСМ, предводена од Црвенковски, во која се и Андреј Петров, Јани Макрадули и Наташа Савова.

Закажаната прес-конференциоја на Филе во 13.30 часот е одложена за подоцна во текот на денов.

Филе, Ховит и Бузек повторно дојдоа во Македонија во обид да се стави крај на политичките несогласувања.

– Комесарот Филе оди во ПЈР Македонија во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент, Ховит и Бузек, за да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Решавањето на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови за овој извештај да биде позитивен – истакна портпаролот на Филе, Петер Стано, вчера на официјалната прес-конференција во зградата на Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top