Ако се уште не го имате преземено Фејсбук Месинџер, можеби е време да го направите тоа. Наскоро повеќе нема да можете да се допишувате од Фејсбук апликацијата.
Фејсбук го потврди овој чекор, а некои корисници веќе добиле известување да го преземат Фејсбук Месинџер.
Засега преминувањето ќе биде задолжителен чекор за корисниците на Ајфон и Андроид телефони, додека Виндоус фон уредите и Ајпад се уште ќе имаат апликација со инкорпорирана опција за допишување.
-Пораките си одат од Фејсбук и преоѓаат на Месинџер, затоа отсега ќе бараме од луѓето да ја инсталираат оваа апликација и да почнат да праќаат пораки преку неа – велат од Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



