| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистите со смртни закани за САД (ФОТО)

Исламистите на ИСИЛ реагираа на бомбардирањето од САД врз терористички цели во Ирак и ветија дека ќе се одмаздат. За само неколку часа тие ја наполнија социјалната мрежа „Твитер“ со закани.

isis

 

– Ако не престанете со бомбардирањето, ќе дојдеме во Њујорк и целта ни ќе биде секој жив Американец – пишуваат тие.

isis1

Радикалните исламисти пуштија на Твитер и застрашувачки фотографии со мртви американски војници. Некои од фотографиите се ужасни – мртви војници или убиени луѓе забодени на кол.

isis2

– Ова е порака за секој американски граѓанин. Вие сте цел на секој муслиман во светот без оглед кај се наоѓате – пишуваат на Твитер терористите.

isis3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top