Руската северна флота денеска лоцирала и од руските погранични води потиснала странска подморница, изјави висок претставник на Генералштабот на руската морнарица.
Северната флота пред два дена во Баренцово море лоцирала странска подморница, што наводно и припаѓала на американската морнарица, наведе претставникот на Генералштабот, пренесе ИТАР-ТАСС.
-Со акција на антиподморничките сили на руската флота подморницата беше протерана од пограничните води на Руската Федерација, додаде тој.
Контактот со подморницата траел околу 27 минути, а потоа американската подморница ја напуштила зоната, изјави претставникот на руската морнарица, информира ИТАР-ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



