| четврток, 6 декември 2018 |

За еден месец во Македонија ќе се прават цигари на „Филип Морис“

filip moris

Прилепскиот тутунски комбинат одржа редовно Акционерско собрание, на кое беа разгледани годишниот извештај за работењето за 2013, годишната сметка и финансиските извештаи, работењето на одборот на директори.

– Новото друштво е формирано. Тоа треба да добие титулар на производител иако ќе се произведува во фабриката за цигари, а треба да стигне и акцизната дозвола. Очекуваме за околу еден месец и половина најмногу, и официлано да профункционира за да почне да се произведуваат нашите и марките цигари на „Филип Морис“ – изјави генералниот директор Александар Дерменџиев.

Донесена е одлука за конверзија на долговите што ги има комбинатот спрема државата од преку 13 милиони евра.Доминантен акционер во комбинатот е државата. Според генералниот директор извештајот за работењето е прифатен, а комбинатот од Владата е задолжен да достави анализа на работењето.

– До 15 септември Одборот на директори треба да достави до Владата анализа за тоа кои мерки се преземени во однос на претходната година и кои ќе се преземат, како и ефектите и плановите за работа, вели Дерменџиев.

Годишната сметка за 2013 се уште покажува загуба, иако е намалена.

– Загубата на комбинатот за 2012 беше преку 700 милиони денари. За лани е намалена на 302 милиона денари. Фирмата се уште ги носи баластите од изминатите години и, секако, не може се да се промени преку ноќ. Во секој случај, сега сме фокусирани на стратегиското партнерство со „Филип Морис“, а очекуваме комбинатот да се консолидира за година и половина, вели Дерменџиев.

На денешното собрание и официјално е затворена конверзијата на долговите што ги има фирмата спрема државата.

– Вкупниот износ на конвертирање што се должи по основ на акциза, ДДВ и данок на добивка е нешто повеќе од 13 милиони евра, со тоа што од сегашните 79 проценти учество во вкупниот капитал на Владата сега се зголемуваат на 81,18 проценти. Ќе има нова емисија акции, вели Дерменџиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top