
Претставници од општина Кисела Вода, месните заедници, локалното население и полициски службеници синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади во доцните часови и се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.
– За зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, посетени беа повеќе паркови, напуштени објекти, автобуски станици. Лицата кои беа затекнати во паркот „Шопен“, повеќенаменското детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври“ – бараки и згради, игралиштето покрај трим патеката во овој дел од општината, градинката „Кокиче“, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, трговскиот центар, паркот „Пушкин“, автобуски станици, Теферич, Пинтија, беа информирани за законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје, соопшти општина Кисела Вода.
Целта на проектот „Соседска патрола“ е секој да даде придонес во своето населено место кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир.
Вакви патроли и претходно беа изведени на подрачјето на полициската станица Кисела Вода и Драчево, а ќе продолжат и во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


