| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските фирми ќе ја освојуваат Русија преку Србија

supermarket-520x390

Дел од македонските извозни компании кои се занимаваат со производство на храна размислуваат да отворат фабрики или погони во соседните држави кои имаат слободни трговски договори со Русија за да може полесно да ги пласираат своите производи на рускиот пазар следниов период, пишува Дневник.

Други, пак, ја разгледуваат опцијата да се здружат со српски партнери за преку нив без царина да го испратат производството во Русија. Македонските бизнисмени деновиве бараат начин како најдобро да ја искористат едногодишната забрана за увоз на храна од ЕУ и од САД во Русија, што руската влада ја наметна како одговор на европските санкции поради случувањата во Украина.

Домашните стопанственици сметаат дека е крајно време Владата да направи договор за слободна трговија со Русија, каков што има Србија, со кој ќе се овозможи бесцарински извоз на тамошниот голем пазар. Во моментов Македонија плаќа 16 отсто царина за извоз во Русија, што прилично влијае врз цената на нашите производи на тамошниот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top