Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано денеска ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори откако лидерот на италијанскaта популиситчка партија Движење пет ѕвезди, Џузепе Пепе Грило, која на изборите минатиот викенд успеа да освои дури 25 проценти од гласовите, изјави дека за најмногу една година во Италија ќе има нова парламентарни избори.
Во интервју за „Би-Би-Си“, Грило рече дека нема да поддржи ниту една влада што ќе се формира ниту ќе учествува во неа, туку дека само ќе чека нови избори.
– Во Италија сега се случува она што се случувало и порано. И сега, левицата и десницата ќе се договорат за создавање влада и ќе управуваат со земјата, која се наоѓа во шутот што тие го имаат создадено и за што се виновни – вели Грило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



