| четврток, 6 декември 2018 |

Едвард Сноуден уште три години во Русија

Snouden-Spioni-740x320-top

Новата тригодишна дозвола за престој на Едвард Снодуен во Русија, одобрена вчера, ќе трае до јули 2017 година. По нејзиното истекување американскиот разузнавач и бегалец ќе може да побара добивање на руско државјанство

Оваа вест на медиумите им ја потврди адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена, јавува Ројтрес.

– Едвард се уште не одлучил дали ќе бара руско државјанство или ќе се обиде да се врати во САД – додал Кучерена.

Откако ги објави доверливите податоци на Американската разузнавачка агенција НСА, каде што работел, Сноуден лани од САД пребега за Хонг Конг. Потоа замина за Москва и шест недели мина на аеродромот Шереметјево,се додека руските власти на 1 август 2013 не му одобрија азил.

Се верува дела Снодуден со себе земал 1,7 милиони документи во дигитална форма. Наводно, станува збор за податоци кои сведочат дека НСА со години ги шпионирала граѓаните на САД. Американските власти лани го осудија Снодуен за кражба на државниот имот и за неовластено објавување информации, што ја загрозуваат националната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top